Холандскиот судија Бјорн Кујперс ќе суди на финалето на Европското првенство помеѓу Англија и Италија на Вембли.
Кујперс има 48 години, дипломирал економија, и важи за најбогатиот судија бидејќи неговото богатство се проценува на 13,4 милиони евра. Парите ги заработи со започнување на ланецот супермаркети Џамбо Кујперс, кој е спонзор на возачот на Формула 1, Макс Верстапен.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Љубовта кон судењето ја наследил од дедото Андрес ван Леувен, а започна да суди на меѓународни натпревари во 2006 година.
За него ова ќе биде четврто големо финале после двете во Лигата на шампионите во 2014 и 2018 година и во Европската лига во 2013 година.