Дома Останати Кошарка НБА Дабл-дабл на Јанис со 42 поени, но Феникс води 2:0! 🎥

Дабл-дабл на Јанис со 42 поени, но Феникс води 2:0! 🎥

Феникс поведе со 2:0 во финалната серија во НБА лигата против Милвоки и направија уште еден чекор напред до титулата.

Санси во овој меч ги совладаа Бакси со убедливи 118:108 и се стекнаа со добра предност. Натпреварот се одлучи во втората четвртина најмногу благодарение на добрата игра на Феникс во одбраната. Првата четвртина заврши со 29:16, меѓутоа во втората Милвоки постигна само 16 поени.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Во еден момент од натпреварот Феникс дојде ид предност од 15 поени разлика.

Девин Букер и во овој натпревар беше најефикасен кај Феникс со 31 постигнат поен, пет скока и шест асистенции. Треба да се спомене дека за 44 минути поминати на паркетот тој не шутираше ниту едно слободно фрлање.

Зад него беше Бриџис со 27 поени, додека Пол постигна 23 поени и подели осум асистенции. Јанис Адетокумбо одигра супер меч и стигна до дабл-дабл со 42 поени и 12 скока.

Од понеделник серијата се сели во Милвоки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…