Дома Топ вести ПСЖ како да игра „фудбал менаџер“, следен е Погба

ПСЖ како да игра „фудбал менаџер“, следен е Погба

Пари Сент Жермен е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и не мисли да запре со новите засилување.

После Вајналдум, Серхио Рамос и Хакими, се очекува „светците“ наредните денови да го официјализираат трансферот на Донарума.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Француските медиуми пренесуваат дека следна трансфер цел на ПСЖ ќе биде Пол Погба, кој влезе во последната година од договорот со Манчестер Јунајтед.

Раиола имал средба со претседателот на „светците“ Насер Ал Келаифи и разговарале за можноста Погба да се пресели во Париз.

Манчестер Јунајтед се обидува да го убеди Погба да го продолжи договорот, бидејќи во спротивно ќе мора да го продаде ова лето

Медиумите на Островот пренесуваат дека Јунајтед ќе бара 80 милиони евра за слободата на играчот, сума која ПСЖ е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…