Денес три македонски екипи ќе настапат на европска сцена.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шкендија со пораз ја отвори евросезоната за македонските клубови, Мура славеше во Скопје. Своите натпревар денес ќе ги одиграат Силекс, Струга Трим Лум и Шкупи.
Струга Трим Лум дебитира во Европа и нивни противники Лиепаја од Летонија од 16 часот. Ќе напоменеме и дека Струга гостува во овој дуел.
Во истиот термин на теренот на ФФМ Силекс ќе игра против Петрокуб од Молдавија. Кратовскиот клуб иако е второлигаш со победата во Купот на Македонија обезбеди излез на евросцената и ќе ја претстава Македонија.
Шкупи вечерва на хартија е фаворит на Арената „Тодор Проески“ против косовски Лапи, па ќе видиме дали чаирчани ќе ја оправдаа улогата. Шкупи долго време чека на европска победа, а во последните години во кои излегуваа беа елиминирани во првото коло. Сега со Гоце Седлоски на клупата се надеваат дека нема да биде така
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА
16:00 ЛИЕПАЈА – СТРУГА ТЛ
16:00: СИЛЕКС – ПЕТРОКУБ
20:00: ШКУПИ – ЛАПИ