Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Сомнителен пенал во продолженија ја однесе Англија во финале🎥

Сомнителен пенал во продолженија ја однесе Англија во финале🎥

Англија избори историско финале на ЕУРО откако после продолженија ја совлада Данска со 2:1.

Англија подобро го отвори мечот, но Данска го издржа првичниот притисок и дојде до предност со ремек-делото на Дамсгард.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новата данска ѕвезда изведе фантастичен слободен удар и во 30-та минута го матираше Пикфорд за водство од 1:0. Само осум минути подоцна Стерлинг израмни на 1:1 после фантастичната асистенција на Сака.

Во вториот дел главно гледавме израмнет фудбал, Данска одлично одолеваше на нападите на Англичаните и спорадично се закануваше. Најдобрата шанса ја имаше Мегваер после еден корнер, но Шмајхел запиша одлична одбрана.

Натпреварот замина во продолженија, а клучниот момент се случи во 104-та минута, кога судијата покажа на белата точка, после сомнителниот старт над Стерлинг во казнетиот простор.

Шмајхел го одбрани шутот на Кејн, но топката се одби до напаѓот и погоди за 2:1 и прво финале за Англија на Европските првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Манчестер Сити договори пресметка против Арсенал на финалето

Манчестер Сити го освои убедливо и реваншот против Њукасл од полуфиналето за “Караба…