Дома Фудбал Агентот ја откри цената на Жоржињо

Агентот ја откри цената на Жоржињо

Плејмејкерот на Челзи, Жоржињо одигра фантастична сезона и е еден од најдобрите фудбалери на ЕУРО.

Агентот Жоао Сантош откри дека неколку европски гиганти го сакаат Италијанецот и ја откри неговата цена.

„Жоржињо има договор со Челзи на уште две години, но наскоро ќе има преговори за продолжување на договорот. Во моментов неговата цена е 50 милиони евра. За него интерес покажуваат неколку европски гиганти. Сепак, не знам дали Челзи е спремен да го пушти“, изјави агентот.

После фантастичната сезона тешко е да се поверува дека Челзи ќе се согласи за продажба на плејмејкерот и е спремен да му понуди нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ричардс го отпиша Ѓокереш? „Арсенал мора да бара повеќе голови“

Мика Ричардс смета дека Ѓокереш добил доволно шанси, но не ја оправдал довербата. Според н…