Дома Фудбал Репрезентации Аргентинците закажаа спектакл: Победа на пенали за финале со Бразил! 🎥

Аргентинците закажаа спектакл: Победа на пенали за финале со Бразил! 🎥

Фудбалската репрезентација на Аргентина се пласираше во финалето на Копа Америка откако ја победи Колумбија на пенали. 3:2 (1:1).

Беше ова навистина жестока пресметка во Бразилија, а на крајот Аргентина беше поуспешна и закажа финале со Бразил. До водство Аргентина дојде во седмата минута, Лаутаро Мартинез ја искористи одличната топка од Меси и го отвори резултатот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На полвреме Аргентинците заминуваа со предност за во 61. минута Колумбија да изедначи преку Луис Диаз кој постигна фантастичен гол за 1:1.

До крајот на натпреварот видовме голем број на остри стартови, многу жолти картони, но голови немаше. Победникот се решаваше на пенали. Херој беше Емилијано Мартинез, голманот на Астон Вила одбрани три пенали и така и донесе на својата селекција пласман во финалето на Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нотингем Форест донесе големо засилување во нападот

Арно Калимуендо го засили нападот на Нотингем Форест каде пристигнува од француски Рен. Фр…