Дома Македонски спорт Мак фудбал Шимунџа: Ништо не е готово, Шкендија покажа квалитет

Шимунџа: Ништо не е готово, Шкендија покажа квалитет

Шкендија вчера беше поразена во квалификациите од Лигата на шампионите против Мура.

Тренерот на Мура, Анте Шимунџа е претпазлив и порача дека оваа победа не е доволна за да бидат сигурни дека ќе се пласираат во следната фаза.

„Ова беше еден фајтерски меч. Победивме, но само оваа победа не е доволна да поминеме понатаму. Ништо не е готово, има уште еден натпревар, Шкендија покажа дека има квалитет. Денес Обрадовиќ покажа зошто е најдобар голман во Словенија, но не е само тој причината зошто победвиме денес, пропуштивме добри прилики да зголемиме на 0:2“, изјави Шимунџа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Канатларовски ја спореди школата на Вардар од 1985 со односот на младите денес

Драган Канатларовски се наврати на лекциите од поискусните соиграчи во Вардар и на разлики…