Дома Македонски спорт Мак фудбал Пораз на Шкендија, Мура во Словенија ќе брани минимална предност

Пораз на Шкендија, Мура во Словенија ќе брани минимална предност

Тимот на Шкендија денес го одигра натпреварот против Мура во рамките од квалификациите од Лигата на шампионите.

Од почетокот на натпреварот гледавме еден дуел без многу прилки за гол најмногу се играше на средината од теренот. Првата голема шанса Шкендија ја пропушти во 17. минута преку Љупчо Дориев, но поуспешен од него беше голманот Обрадовиќ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Следуваше и еден удар на Алими меѓутоа без посериозна опасност кон голот на гостите. Кога Шкендија не ги искористи приликите стигна казната, Мура поведе со голот на Бобичанец во 28. минута.

Најголемата можност за гол Шкендија не ја искористи во последните секунди од првиот дел кога Бесарт Ибраими не реализираше пенал. Второто полувреме Шкендија го започна нешто поофанзивно. Создадоа неколку добри прилики меѓутоа одново изостана реализацијата, па така голот на Бобичанец се покажа како одлучувачки.

Обрадовиќ во последните моменти и од натпреварот имаше неколку одлични интервенции, тука можеби беа најголемите шанси за Шкендија, ако не се смета промашениот пенал на Ибраими.

Во Словенија во реваншот сега Шкендија ќе мора да постигне барем еден гол за да избегне елиминација во првото коло.

ПРОМАШЕНИОТ ПЕНАЛ НА ИБРАИМИ

Фото; Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал спреми 80 милиони за Исак

Њукасл би можел да биде принуден да се раздели со ѕвездата Александер Исак за да го покрие…