Дома Фудбал Англија Видео: Јунајтед подобар од Сити

Видео: Јунајтед подобар од Сити

Манчестер Јунајтед го победи Манчестер Сити со 2:0 во контролен меч кој се одигра во Хјустон, САД.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова беше прв дуел на градските ривали кој се одигра надвор од Англија, а триумфот на Јунајтед му го обезбедија Ромелу Лукаку и Маркус Рашфорд.

Манчестер Јунајтед дуелот со Сити го реши во две минути, кога во периодот од 37. до 39.минута Лукаку и Рашфорд го совладаа новиот голман на „граѓаните“, Едерсон.

Најскапиот фудбалер во досегашниот тек од преодниот рок, Лукаку, голот го постигна по додавањето на Пол Погба, додека Рашфорд во гол ја претвори асистенцијата на Хенрик Мхитаријан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голманот на Мароко против Холандија ја изведе најгенијалната одбрана на пенал во историјата на фудбалот (Видео)

Мароко во 1/16 финалето на Светското првенство ја елиминираше Холандија по подобро изведув…