Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Полсен ги предупреди Англичаните: Ако мислите дека сигурно ќе победите сте се прецениле

Полсен ги предупреди Англичаните: Ако мислите дека сигурно ќе победите сте се прецениле

Напаѓачот на Данска Јусуф Полсен беше запрашан дали тоа што Англија ја има улогата на фаворит во нивниот дуел во полуфиналето е од помош за него и неговите колеги.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Не знам ќе видиме. Така мислат навивачите и медиумите во Англија, но не сум сигурен дека тоа мислење го делат и англиските играчи. Два пати игравме против нив во Лигата на нации и освоивме четири бода. Ако се толку убедени дека ќе не победат, тогаш малку се преценуваат. Очекувам еден неизвесен и изедначен дуел. Секако, Англија е фаворит, ќе игра дома, но ние покажавме дека можеме да играме на највисоко ниво“, изјави Полсен.

Натпреварот помеѓу Данска и Англија е второто полуфинале и се игра во среда, претходно утре ќе се одигра пресметката помеѓу Италија и Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Мајсторски нафрли: Асистенција на Елмас за Наполи! (Видео)

Фудбалерите на Наполи се на чекор до потврда на местото во Лига на шампиони, а важна улога…