Макс Верстапен победи на трката за Големата награда на Австрија.
Холанѓанецот со болидот на Ред Бул извозе маестрална трка, а возачите на Мерцедес повторно му гледаа во грб. После трката се огласи актуелниот светски шампион и прв возач на Мерцедес, Луис Хамилтон.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
„Не знам што се случи. Изгубив многу бодови. Макс едноставно е пребрз, а покрај тоа е и одличен возач. Многу сме далеку од Ред Бул и не чека многу работи. Тие донесоа многу надоградби во последните трки, а ние не.
Мораме нешто да промениме и да се обидеме да извлечеме колку што е можно поголем перформанс. Ако не направиме нешто брзо за нас сезоната брзо ќе заврши“, изјави Хамилтон.