Денес е денот на спортските новинари од целиот свет, а по тој повод претседателот на Фудбалската федерација Муамед Сејдини испрати честитка и благодарност.
„Срекен Светски ден на спортските новинари!Сакам да упатам искрени честитки до сите спортcки новинари, за нивната макотрпна работа и пренесување на спортките настани и емоции поблиску до фановите и гледачите.Уживајте во работата што ја правите и ви поскаувам многу убави моменти на радост и еуфорија во вашите известувања“, порача Сејдини преку социјалните мрежи.