Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед започнаа преговори за трансфер на Рафаел Варан, а шпанските медиуми пренесуваат дека двата клуба можат да договорат трампа.
Варан веќе го извести Реал Мадрид дека сака да ја промени средината и е голема жечба на Манчестер Јунајтед, кој пак е спремен да го понуди потписот на Погба.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интересно е што двајцата Французи имаат договор со своите клубови до 2022 година и одбиваат да ја продолжат соработката.
Реал Мадрид првично кажал не за ваква размена, бидејќи сака да добие кеш за Варан, но сега сериозно размислува да ја прифати понудата и да го донесе Погба на „Сантиаго Бернабеу“.