Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд му посака добредојде на Џејдон Санчо.
Рио работи како стручен коментатор за неколку познати англиски медиуми, а често пати знае да даде интересен коментар со кој го привлекува вниманието.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Така беше и денес кога Јунајтед го потврди доведувањето на Санчо.
Фердинанд објави монтирана фотографија на која може да се види како му ги отвара портите на Санчо на „Олд Трафорд“. Покрај фотографијата додаде коментар:
„Му посакувам добредојде на Санчо во Манчестер Јунајтед. Уште еден талент од Јужен Лондон кој доаѓа на „Олд Трафорд““, порача Рио.