Дома Топ вести Мбапе го извести ПСЖ дека нема да го продолжи договорот

Мбапе го извести ПСЖ дека нема да го продолжи договорот

Килијан Мбапе донел конечна одлука и го известил Пари Сент Жермен дека нема да го продолжи договорот, пренесува „Екип“.

Договорот на Мбапе истекува следното лето, а „светците“ веќе подолго време преговараат и го убедуваат да ја продолжи соработката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мбапе одолговлекуваше, а сега донел конечна одлука да не го продолжува договорот со францускиот клуб бидејќи сака да ја промени средината.

Одбивањето на Мбапе на понудата да остане во ПСЖ, нема да ги принуди челниците на францускиот клуб да ја намалат неговата цена, бидејќи за Французинот интерес покажуваат неколку европски гиганти.

Фаворит за потписот на Мбапе е Реал Мадрид, кој веќе подолго време работи на трансферот. Доколку ПСЖ не го продаде ова лето, тогаш ризикува следната година да ја загуби својата ѕвезда без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…