Дома Фудбал Англија Познато колку пари ќе добие Сити од трансферот на Санчо

Познато колку пари ќе добие Сити од трансферот на Санчо

Манчестер Сити ќе добие 11,2 милиони фунти од трансферот на Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ постигнаа договор со Борусија Дортмунд и за англискиот репрезентативец ќе платат 85 милиони евра (77 мил фунти).

Според договорот помеѓу Дортмунд и Сити, „граѓаните“ треба да добијат 15% од следната продажба на Санчо, а тоа е точно 9,74 милиони фунти. На тоа се додаваат 1.46 милиони евра како „солидарно плаќање“ дека фудбалерот играч во академијата на Сити. По истиот основ Ватфорд ќе добие 2.19 милиони бидејќи Санчо поникнал во нивната академија.

Трансферот на Санчо на „Олд Трафорд“ е договорен и ќе биде комплетиран после завршувањето на ЕУРО.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пет играчи од Италија сè уште без шанса под водство на Манчини

Италија одигра три натпревари во Лигата на нации, но пет играчи од составот на Манчини сè …