Дома Фудбал Репрезентации Состави за ЛОИ: Шпанија со шестмина од ЕП, Бразил со Дани Алвес, Франција со Жињак и Камвинга

Состави за ЛОИ: Шпанија со шестмина од ЕП, Бразил со Дани Алвес, Франција со Жињак и Камвинга

После Европското првенство на крајот од јули и стартот на август ќе се игра фудбалскиот дел на Олимписките игри во Токио каде што учествуваат 16 репрезентации.

Како што е познато составите на екипите се со играчи до 23 години и со уште неколку повозрасни фудбалери по избор на селекторите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Објавени се списоците на Шпанија, Бразил и Франција за овие ЛОИ.

Шпанија во својот состав ќе има шестмина фудбалери кои се дел и од Европското првенство.

ШПАНИЈА СОСТАВ

Голмани: Алваро Фернандез, Унаи Симон, Алекс Домингез;

Одбрана: Оскар Мингеза, Хесус Ваљехо, Ерик Гарсија, Пау Торес, Оскар Жил, Хуан Миранда;

Средина: Марк Кукуреља, Џон Монкајола, Мартин Зубименди, Дани Себаљос, Микел Мерино, Карлос Солер, Педри;

Напад: Брајан Жил, Марко Асенсио, Дани Олмо, Микел Ојарзабал, Рафа Мир, Хави Пуадо.  

Кај Бразил повикан е ветеранот Алвес, а тука се Диего Карлос од Севиља, Малком од Зенит и Габриел од Арсенал.

БРАЗИЛ СОСТАВ

Голмани: Брено, Сантос;

Одбрана: Дани Алвес, Габриел Менино, Гиљерме Арана, Габриел Магалаеш, Нино, Диего Карлос;

Средина: Бруно Гимараеш, Матеус Енрике, Жерсон, Клаудињо, Даглас Луис;

Напад: Малком, Ентони, Педро, Матеус Куња, Паулињо.

Во репрезентацијата на Франција повик доби ветеранот Жињак, а тука е Камвинга од кого многу се очекува во иднина.

ФРАНЦИЈА СОСТАВ

Голмани: Бернардони, Ларсоние;

Одбрана: Бадиашил, Каки, Калулу, Мишелин, Салиба, Сар;

Средина: Камавинга, Какер, Иконе, Савание, Тован, Тусар;

Напад: Жињак, Гури, Коло Муани, Нордин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…