Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Драма со пресврти, продолженија и среќен крај за Шпанија🎥

Драма со пресврти, продолженија и среќен крај за Шпанија🎥

Хрватска и Шпанија го одиграа највозбудливиот натпревар на Европското првенство,  а на крајот „црвената фурија“ излезе како победник.

Шпанија во осминафиналето игра против Хрватска и подобро го отвори мечот, создаде неколку шанси, но во 19-та минута следуваше шок. Педри од средината на теренот ја врати топката до голманот Симон, овој беше невнимателен и топката заврши во голот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сарабија во 38-та минута израмни на 1:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Шпанија доминираше и дојде до водство со голот на Аспиликуета, а Торес во 77-та минута зголеми на 3:1.

И кога се мислеше дека победникот е решен, „коцкестите“ во само пет минути постигнаа два гола. Најпрво Орсиќ ја врати надежта во 85-та минута, а потоа му асистираше на Пашалиќ во 91-та минута за 3:3, па натпреварот замина во продолженија.

Во продолженијата најпрво голема шанса имаше Крамариќ, а потоа стигна казна преку Мората кој ја донесе Шпанија во водство, а конечните 5:3 ги постави Ојарзабал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…