Исклучително неизвесно беше до самиот крај на големото дерби помеѓу Белгија и Португалија. Победникот го реши еден гол, па Белгијците се пласираа во четвртфинале.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во првото полувреме силите беа израмнети со спорадични шанси на двете страни, но главно битката се водеше на средината од теренот.
Клучниот момент се случи во 41-та минута кога Торган Азар со фантастичен удар од дваесетина метри постигна гола за водство на Белгија.
Во второто полувреме Белгија се ориентираше главно да го брани резултатот и се закануваше само преку контранапади, додека Португалија се обидуваше со сите сили да го израмни резултатот.
Португалците создадоа неколку добри шанси, ја погодија и стативата, но не успеаа да го израмнат резултатот.
Белгија се пласира во четвртфинале, каде ќе ги одмери силите со Италија.