Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Холандија елиминирана, Де Лихт трагичар🎥

Холандија елиминирана, Де Лихт трагичар🎥

Чешката репрезентација приреди големо изненадување на ЕУРО и ја елиминира фаворизираната Холандија (2:0) во осминафиналето.

Трагичар за „лалињата“ е дефанзивецот Де Лихт, кој направи глупост во 54-та минута, доби црвен картон и ја остави на цедило репрезентацијата.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Холандија подобро го отвори мечот, доминираше и се чинеше дека само прашање на време е кога ќе постигне гол. Меѓутоа „лалињата“ промашија неколку големи шанси на одмор се замина со резултат 0:0.

На стартот на вториот дел Холандија повторно имаше голема шанса преку Мален, кој излезе очи во очи со противничкиот голман, но не успеа да го матира.

Веќе во следната акција Де Лихт се лизна и намерно играше со рака, судијата Сергеј Карасев во консултација со ВАР му покажа црвен картон.

Петнаесетина минута подоцна Чесите ја искористија бројчаната предност и дојдоа во водство преку Холеш. „Лалињата“ не успеаа да го израмнат резултатот, а конечните 2:0 ги постави Патрик Шик

Чешка се пласира во четвртфиналето каде за противник ќе ја има репрезентацијата на Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Фотографијата руши рекоди: Меси го држи во раце 6-месечниот Јамал📷

Ламин Јамал со 16 години ги собори сите рекорди со Шпанија на Европското првенство и покаж…