Дома Трансфер зона Интер во Лондон ја најде замената за Хакими

Интер во Лондон ја најде замената за Хакими

Интер е заинтересирани за десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин, пренесуваат медиумите на Апенините.

„Нероаѕурите“ постигнаа договор со ПСЖ за продажба на Хакими, а во Белерин гледаат идеална замена за Мароканецот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


25-годишниот Шпанец скоро целата своја кариера ја помина во Арсенал, но веќе е уморен од недостатокот на амбиција на клубот и сака да ја промени средината за да се бори за трофеи.

Од Интер можат да му понудат редовно да се натпреварува во Лигата на шампиони, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Шпанецот има долг договор со лондонскиот клуб, а неговата цена се движи помеѓу 20 и 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…