Холандија и Чешка на Пушкаш Арената во Будимпешна ќе го одиграат својот осминафинален натпревар во недела. Овој меч од ЕУРО 2020 стартува од 18:00 часот.
Холандија е фаворит за победа и тоа е сосема јасно, но Чесите одиграа одлично во групната фаза па сега залетани најавуваат голема борба и елиминација на фаворитот.
Холандија лесно обезбеди осминафинале
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холандија со три победи од групната фаза си закажа дуел со Чешка и повторно е голем фаворит за победа во овој осминафинален дуел. Лесни победи забележа Холандија и тоа над Украина со 3:2, над Австрија со 2:0 и над Македонија со 3:0. Се чини дека сеуште тимот на Де Бур не го покажал најдоброто од себе, без разлика што трпеше и критики во земјата на лалињата пред се поради формациската поставеност.
Никој во оваа земја не е навикнат на 3-5-2 формација која ја форсита Де Бур, но тоа победува со таа формација и нема потреба да менува ништо. Во сите три меча Холандија беше надмоќна, создаваше шанси, диктирапе темпо на игра па на некој начин Де Бур им ги затвори усните на критичарите.
Де Бур насочен кон цврста дефанзива
Де Бур се чини дека одлично го склопи мозаикот, особено кога станува збор за формацијата. Одамна се знаеше дека Ван Дијк е повреден а е клучен во одбраната, па сега тој дел од тимот е засилен со уште еден дефанзивец што секако доведе до добри резултати. Сепак, во тој дел од теренот е и клучниот играч на Интер, Де Вриј потоа еден од најталентирнаните млади дефанзивци Де Лихт од Јувентус, Блинд од Ајакс, Аке од Сити и уште неколкумина.
Јасно е дека Холандија е фаворит и ќе тргне напаѓачки – впрочем тие не знаат да играат на поинаков начин. Но очекувајте дека на Холандија нема да и биде лесно, како што многумина предвидуваат. Чешка е веројатно на исто рамниште како и Украина и Австрија, па затоа очекуваме сличен натпревар како против тие противници од групната фаза.
Оваа Чешка потсеќа на онаа од пред десетина години
Менаџерот Јарослав Силхави именуваше состав полн со познати лица од најдобрите пет европски лиги. Искрено, оваа селекција на Чешка е веројатно најблиску до онаа генерација на Недвед, Поборски, Колер … која сееше страв низ Европа пред нешто повеќе од една деценија. Ова е селекција која ја краси цврстина и борбен дух и токму овие две особини им донесоа одлични резултати во последните две години.
Можеа да бидат први во групата, но по поразот од Англија во последното коло паднаа на третото место со ист број на бодови како и Хрватска. Прво дојде победата над Шкотска во Глазгов со 2:0, а токму тој меч се покажа како клучен за прогрес во следната фаза. Имаа водство против Хрватска во второто коло, но мечот заврши 1:1, па со четири бода сосема заслужено се најдоа во втората фаза на ЕУРО 2020.
По групната фаза јасно е едно нешто – Чешка против сите селекции беше рамноправна во најмала рака, веројатно и подобро во некои сегменти на фудбалската игра. Затоа и апетитите во Чешка пораснаа, па сега многумина очекуваат уште еден блесок и победа над Холандија, особено што мечот се игра во Унгарија на Пушкаш арената, каде чесите ќе имаат значително поголема подршка од трибините.
Прогноза
Холандија е фаворит и би требало да слави победа на овој натпревар. Ако Де Бур успее да обезбеди цврста дефанзива тогаш Холандија ќе патува во следната фаза. Играта на Чешка ќе се базира на цврстина и борбеност, нешто по што оваа селекција станува веќе препознатлива. Ќе бидат повлечени и ќе чекаат кикс на Холандија. Но по осумте гола во групната фаза, холанѓаните сега многу повеќе веруваат во своите можности, а тоа е нешто што и фалеше на оваа селекција во изминатиот период. Единствената предност за Чешка, веројатно ќе доаѓа од трибините каде се очекува голема подршка за оваа селекција во Будимпешта.