Дома Фудбал Италија собори рекорд стар 47 години

Италија собори рекорд стар 47 години

Италија синоќа после продолженија ја победи Австија (2:1) и се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство.

Тимот на Роберт Манчини не прими гол во регуларните 90 минути против Австрија и со тоа го сруши рекордот што го држела италијанската генерација од 1972 до 1974 година со легендарниот голман Дино Зоф. 

Италијанците сега го подобрија тој рекорд и стигнаа до 1.168 минути без примен гол.

„Аѕурите“ го соборија и сопствениот рекорд по бројот на натпревари без пораз. Ова беше нивни 31-ви натпревар по ред без пораз, а претходниот рекорд на Италија беше 30 меча без пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…