Дома Фудбал Балак критикува: Играчите од оваа репрезентација не научија да бидат флексибилни

Балак критикува: Играчите од оваа репрезентација не научија да бидат флексибилни

Во овој период критики за репрезентацијата на Германија пристигнуваат од разни страни, а помеѓу критичарите е и легендарниот германски фудбалер Михаел Балак.

„Секогаш сме имале проблеми когаи граме против ментално силни репрезентации и репрезентации кои се силни во дуелите еден на еден. Ние имаме играчи кои поседуваат такви карактеристики, но очигледно не доволно. Имаме голем број играчи кои не научија да бидат флексибилни во текот на натпреварите“, изјави Балак.

Репрезентацијата на Германија во осминафиналето ќе игра против Англија, а за овој натпревар поради ковид мерките германските навивачи нема да можат да патуваат на „Вембли“.

Натпреварот се игра во вторник од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од осум гола до патерици: Фрозиноне остана без својот голгетер

Антонио Раимондо ги повреди лигаментите на левиот скочен зглоб во победата над Торино. Прв…