Дома Топ вести Јунајтед и Борусија конечено се договорија за Санчо

Јунајтед и Борусија конечено се договорија за Санчо

Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед после долги преговори конечно постигнаа договор за трансферот на Санчо.

Англиските медиуми откриваат дека двата клуба си пуштиле рака за трансфер тежок 80 милиони фунти, од кои 5 милиони ќе бидат во форма на бонуси.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Така Санчо ќе се пресели во Манчестер Јунајтед како трет најскап трансфер во историјата после Пол Погба и Хари Мегваер.

„Црвените ѓаволи“ веќе имаа договор со Англичанецот, кој ќе потпише договор на 5 години и ќе заработува 350.000 фунти неделно.

„Билд“ го потврди договорот помеѓу двата клуба и додава дека Борусија веќе постигнала договор за трансфер на Дониал Мален од ПСВ кој треба да биде замена за Санчо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…