Кратко време откако Манчестер Јунајтед го реализира трансферот на Ромелу Лукаку и се откажа од доведувањето на напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората, другиот премиерлигаш го договори транферот на одличниот Шпанец.
Мората кариерата ќе ја продолжи во Челзи, а „Сините“ постигнаа договор со Реал, па за услугите на Мората „Кралевите“ ќе добијат околку 80 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Челзи официјално објавија дека договорот е постигнат со Реал Мадрид, а по новите вести, социјалните мрежи беа преплавени со коментарите за овој трансфер.
И соиграчот на Мората од Реал, Серхио Рамос се огласи на Твитер и му посака среќа на напаѓачот во Челзи.
„Моратоски, ти посакувам среќа на овој свет. Уживај во новото поглавје и постигнувај голови, како што обично го правиш. Ќе ни недостасуваш“, напиша Рамос во својата порака.
Уште еден соиграч на Мората од Реал, Иско со емотивен пост на Твитер се опрости од новиот напаѓач на Челзи.
„Брат, сега си заминуваш… Многу ќе ми недостасуваш. Само се надевам дека си среќен и дека таму ќе го пронајдеш тоа што го заслужуваш. Те сакам“, објави Иско.