![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2021/06/перез-2-800x491.jpg)
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез даде опширно интервју за шпанските медиуми во кое зборуваше за Зинедин Зидан.
Зидан го напушти Реал на крајот на сезоната и се прости со писмо во кое го нападна раководството на „кралскиот“ клуб.
Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓
Перез се заколна дека не го прочитал тоа писмо бидејќи е убеден дека не го пишувал лично Зидан.
„Добро го познавам Зидан и знам дека ова беше тешка година за него. Јас сакав да остане, не го прочитав неговото писмо, би се заколнал во внуците. Знам дека човекот кој го напиша тоа не е Зидан“, вели Перез.
„Му посакувам се најдобро, тој е легенда на Реал и ја има нашата почит за се што направи за клубот. Се воодушевивме од Анчелоти и новото поглавије на клубот. Од самиот почеток мислевме дека Анчелоти ќе биде правото решение и ете тука е. Не разговарав ни со Покетино, ни со Алегри, ниту со Конте“, додаде Перез.