Дома Фудбал Останато Перез: Суперлигата постои и ќе продолжи

Перез: Суперлигата постои и ќе продолжи

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез даде опширно интервју за шпанските медиуми.

Меѓу другото Перез зборуваше и за Суперлигата, за која тврди дека проектот не е пропаднат и мора да продолжи да живее.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Направивме договор со сите 12 клубови и никој не може да замине. Суперлигата ќе продолжи. Ништо не пропадна. Две години работиме на проектот. Кога излеговме со планот, УЕФА ни се закани и англиските тимови се откажаа. Ја чекаме конечната одлука на Судот во Луксембург. Суперлигата живее, баравме да се повлечат сите ограничувања за Англичаните“, вели Перез.

„Суперлигата не е затворена, напротив, Севиља и Виљареал ќе имаат свое место во неа. Започнуваме од историјата која ја имаат тимови. Мора да започнете со оние клубови кои имаат најмногу навивачи. Натпреварите на Рома не привлекуваат толкаво внимание како меч на Јунајтед. Губиме осум милијарди, а Чеферин ја зголемува платата“, додаде Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…