Играчот за врска на Сасуоло, Мануел Локатели прикажува одлични натпревари на Европското првенство дресот на Италија, а до неговиот потпис може да дојде Јувентус.
Локатели ја помина младинската школа на Милан и во три сезони за „росонерите“ одигра 63 натпревари, а потоа во 2018 година премина во Сасуоло каде што веднаш стана стандарден првотимец. За италијанската репрезентација дебитираше минтата година и до сега одигра 12 натпревари и постигна три гола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На Европското првенство во првите два натпревари на „Аѕурите“ беше стартер, а во натпреварот со Швајцарија во Рим постигна два гола. На третиот натпревар Роберто Манчини го одмараше.
Договорот со Сасуоло му истекува во јуни 2023, а Џанлука Ди Марцио објави дека почнале преговорите помеѓу Јувентус и Сасуоло. Според информациите Јувентус веројатно ќе плати 40 милиони евра колку што бара Сасуоло. Се споменува опција после откупот Локатели да остане во Сасуоло на позајмица.