Дома Фудбал Англија „Топџиите“ затруени во Кина

„Топџиите“ затруени во Кина

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека голем број на негови фудбалери биле затруени со храна во Кина, а исто така призна дека патувањата во различни клуматски услови не се идеално за припремање на новата сезона.

Пер Мертесакер и Оливие Жиру го пропуштија мечот против Баерн поради болест, додека Сеад Колошинац мораше да излезе од игра на полувремето бидејќи се чувствуваше лошо. Ист беше случајот со Тео Волкот и Арон Рамзи, кои го одиграа второто полувреме.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Венгер истакна дека неговиот тим претрпел шок со доаѓањето во Шангај од Австралија и дека тоа влијаело на задравјето на игралите.

„Ако ме прашате дали е ова идеална физичка припрема, ќе кажам дека не е. Дали има други предности? Да, бидејќи се запознаваме со нашите навивачи ширум светот. Врската во тимот е полесна, бидејќи сме заедно две недели. Од таа страна може да биде позитивно, но вистинскиот одговор ќе го видиме на стартот од сезоната“, истакна Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се јави се човекот поради кого Модриќ повеќе не ја носи „десетката“ на дресот

Лука Модриќ стана нов фудбалер на Милан, а ќе им се приклучи на соиграчите на почетокот на…