Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде плејмејкерот на Сасуоло, Мануел Локатели.
Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 12 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Плејмејкерот го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација, притоа блеска на ЕУРО.
Сасуоло за неговата слобода бара 40 милиони евра, а Јувентус веќе ги започна преговорите и понудил 30 милиони евра плус младиот дефанзивец Драгушин.
Ова е блиску до сумата која ја бара Сасуоло, па се очекува во наредните денови да бидат договорени последните детали.
‼️ https://t.co/VdiktdtZ9x! #Juventus – Incontro con il #Sassuolo per #Locatelli: tutte le parti hanno la volontà di chiudere l'operazione. Affare da 40 milioni con Dragusin e forse un'altra contropartita
— calciomercato.it (@calciomercatoit) June 23, 2021
📲#CMITmercato via @eleonora_trotta https://t.co/JCtjhsfoSd