Дома Фудбал Крос: Не можев да го замислам ова што се случи со Рамос

Крос: Не можев да го замислам ова што се случи со Рамос

Вечерва Германија игра важен натпревар против Унгарија за пласманот во следната фаза, меѓутоа покрај овој натпревар Тони Крос зборуваше и на клупски теми пред овој дуел.

Крос зборуваше за ситуацијата со Серхио Рамос кој си заминува од Реал Мадрид откако му заврши договорот со „кралевите“. Германецот откри дека го убедувал Рамос да остане и дека не можел да замисли вакво сценарио.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Според мене Рамос мораше да ја заврши кариерата во Реал, ова што се случи не можев ниту да го замислам. Зборував со него, сакав да остане, сепак тоа е тоа. Како и да е сигурен сум дека во иднина повторно ќе го видиме во Реал Мадрид во некоја друга улога или функција“, изјави Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Камавинга не сака повторно да биде лев бек во Реал Мадрид

Играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, даде до знаење дека не сака и под Чаби Алонсо д…