Поранешниот италијански селектор Антонио Конте верува дека Италија може да оди до крај и да го освои Европското првенство, а меѓу кандидатите ги додаде Франција, Германија и Белгија.
Конте не верува дека на првенството ќе има некое големо изненадување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека никој од аутсајдерите нема да го освои Европското првенство. Кандидати за титулата се Франција и Германија кои имаат силен играчки кадар и искуство. Тука и Белгија, но под услов Де Брујн и Витсел да бидат во топ форма, секако и Италија“.
„Во досегашниот дел од натпреварувањето Италија покажа континуитет и самодоверба. Нема љубомора во екипата зошто некој игра, а некој седи на клупа. Може да се забележи заедништвото, а тоа е важно ако сакате далеку да стигнете. Исто така тимот игра компактно, постои баланс помеѓу одбраната и нападот, Италија сигурно може да оди до крај“, изјави Конте кој ја водеше оваа репрезентација до четвртфиналето на Евро 2016.