Mладиот срспки дефанзивец Никола Миленковиќ би требало да ги напушти редовите на Фиорентина ова лето.
Поранешниот фудбалер на школата на Партизан има договор со клубот од Фиренца до 2022 година и ова е последна прилика Фиорентина да заработи од неговото заминување. Воеднико и за Миленковиќ е добра прилика да оди на едно повисоко ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Долго се шпекулира за неговиот трансфер, прво во Ателтико, потоа во Јунајтед, Јувентус…Торинскиот клуб ги следи случувањата со Миленковиќ и би можеле да се обидат да го доведат ако Демирал замине.
„Тутоспорт“ пишува дека таа опција во овој момент е единствената за „старата дама“. Миленковиќ би пристигнал како влог за во иднина.