Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев: Ангеловски треба да остане до крајот на квалификациите

Пандев: Ангеловски треба да остане до крајот на квалификациите

Македонските фудбалери пристигнаа во Скопје после настапот на ЕУРО.

Капитенот Горан Пандев смета дека ФФМ требаше да го задржи Игор Ангеловски за селектор на Македонија до крајот на квалификациите за СП.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Луѓето од федерацијата треба да одлучат дали Ангеловски ќе продолжи или не да биде селектор. Синоќа уште натпреварот не беше завршен а некои портали излегоа со информации дека имаме нов селектор. Јас мислам дека Ангеловски требаше да го заврши и цуклусот за Светско првенство, но знаете кај нас како функционираат работите“, изјави Пандев.

Пандев потоа истакна дека се уште нема донесено одлука дали ќе продолжи да игра или ќе стави крај на кариерата.

„Не знам дали ќе продолжам да играм уште на клупско ниво, веќе немам договор, сега сакам да се одморам малку, а потоа ќе размислувам што понатаму“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…