Дома Фудбал Блинд: Оставете го Ериксен на мир, и за мене сите викаа дека кариерата е завршена

Блинд: Оставете го Ериксен на мир, и за мене сите викаа дека кариерата е завршена

Кристиан Ериксен доживеа срцев удар за време на натпревар на ЕП, докторите му го спасија животот и сега е во стабилна состојба.

Ериксен беше опериран и му беше вграден ектричен дефибрилатор, па многумина тврдат дека неговата кариера е завршена.

Така не мисли холандскиот репрезентативец Дени Блинд, кој помина низ слични проблеми.

„По мојот инцидент, цел свет рече дека мојата кариера е завршена. Погледнете ме каде сум сега. Треба да го оставите на мир. Ми пречи кога луѓето тврдат дека неговата кариера е готова. Не знаете колку е тешко да се слушне тоа“, изјави Блинд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓозубујук на центарот во Скопје, Словенија доаѓа по второто место

Холандска судиска екипа ќе го води последниот дуел на Македонија во групната фаза од Лигат…