Чешка и Англија вечерва ќе играат во рамки на групата Д на ЕУРО 2020. Двете селекции имаат по четири бода, што значи дека иако неофицијално веќе имаат обезбедено место во следната фаза.
Она што е интересно, е тоа што победникот сигурно ќе биде прв во групата, а тоа веројатно сакаат да го избегнат и двете селекции.
Чесите изненадија досега
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Чешка успеа да одигра реми 1:1 против Хрватска, а по победата во првиот меч над Шкотска, тоа реми значеше пласман во следната рунда, најмалку како третопласирана селекција.
Јарослав Силхави беше задоволен со бод против вицешампионот на СП 2018, а Чешка секако е во силна позиција да се пласира во нокаут фази по четврти пат како независна нација.
Чешка моментално е прва во групата, но проблем е тоа што ако завршат како први, ќе играат против второпласирана селекција од групата на смртта Ф, каде можни ривали се Португалија, Германија и Франција. И веќе се е јасно … можеби Чешка ќе сака да загуби од Англија па да ги избегне овие ривали во следната фаза.
Математички е невозможно Чешка да заврши пониско од третата позиција во групата, така што изгледите за напредување на момците на Силхави како еден од најдобрите третопласирани екипи се огромни, така да очекувам еден сосема мирен меч од Чешка.
Англија бега од првото место
Англија веројатно со среќа дојде до бод против своите соседи од северот. Тоа беше уште еден неинспиративен перформанс од Хари Кејн, а Шкотска покажа страст и желба каква што не видовме кај англичаните. Можеби тоа е така, затоа што и тие веројатно сакаат да го избегнат првото место …
Сепак, судбината на Англија во осминафиналето останува во свои раце благодарение на победата над Хрватска во текот на првото коло. Со реми ќе бидат секако втори, а со победа ќе бидат први. Интересен ќе биде овој меч во секој случај, а интересна ќе биде и одлуката на Саутгејт за тоа како ќе се постави Англија. Во Англија сите очекуваат дека Саутгејт нема да си игра со реномето на селекцијата и ќе тргне на победа, офанзивно нешто што не беше случај со Шкотка каде доби премногу критики.
Прогноза
Овој меч може да заврши и 0:0. Тешки се овие последни натпревари од групната фаза за типување, особено што постојат еден куп варијанти и калкулации за пласман во следната фаза. Англија секако е фаворит, игра дома и би требало да слави победа. Сепак, јас не очекувам премногу интересен меч или пак премногу голови.