Дома Фудбал Шок за Франција, Дембеле во аут до крајот на ЕУРО

Шок за Франција, Дембеле во аут до крајот на ЕУРО

Осман Дембеле го повреди десното колено и го напушти кампот на француската репрезентацијата, па за него ЕУРО е завршено.

Според последната информација од Франција, станува збор за оштетување на тетивата и поради ова нема да може да игра фудбал во следните два месеци.

24-годишниот крилен напаѓач често се мачи со повреди, а сега ќе ги пропушти и подготовките за новата сезона.

Франција во саботата одигра само 1-1 против Унгарија, пред тоа ја совлада Германија со минимален резултат 1-0 и во последното коло ќе се сретне со Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…