Хаким Зијех минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не се снајде во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Зијех до сега не успеа да го покаже својот квалитет, а новиот тренер Томас Тухел не смета сериозно на него.
Таквата ситуација сакаат да ја искористи италијанскиот гигант Милан, кој во Зијех гледа идеален наследник за Чалханоглу.
27-годишниот плејмејкер е голема желба на „росонерите“ и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Челзи е спремен да го пушти, но за неговата слобода бара 30 милиони евра. Од друга страна Милан сака да го донесе на едногодишна позајмица со право на откуп.