Дома Топ вести Хари Кејн се договори со Манчестер Сити

Хари Кејн се договори со Манчестер Сити

Манчестер Сити веќе започна преговори со Тотенхем за трансферот на Хари Кејн, пренесуваат медиумите на Островот.

„Би-Би-Си“ открива дека Кејн веќе се договорил со „граѓаните“ и во наредните пет години на „Етихад“ ќе заработува 16 милиони фунти по сезона.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сити и Тотенхем ги започнаа преговорите, но тие не се одвиваат глатко. „Граѓаните“ понудија 100 милиони фунти плус опција да вклучат некој од своите играчи.

Тотенхем првично ја одби понудата, но преговорите продолжуваат бидеќи Кејн инсистира да се пресели во Манчестер Сити.

Медиумите  на Островот се сигурни дека ова ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…