Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Пораз за крај на Европското првенство, Депај и Вајналдум го решија дуелот во Амстердам 🎥

Пораз за крај на Европското првенство, Депај и Вајналдум го решија дуелот во Амстердам 🎥

Стефан Даскалов за Спортски од Амстердам.

Македонија денес го одигра последниот натпревар на ова Европското првенство кое го завршуваме со пораз од Холандија со 0:3. Мора да се признае дека денес Холанѓаните ја прикажаа својата класа и немавме многу шанси за позитивен резултатот, иако создадовме неколку прилики, а и два пати ја погодувавме мрежата. Сепак, во двете ситуации и со Тричковски и со Чурлинов имаше офсајд позиција претходно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Холандија до водство стигна во 24. минута кога после една контра во која Пандев се жалеше на повреда, Мемфис Депај ја смести топката во мрежата на Димитриевски. Во првото полувреме ние имавме одлична шанса преку Трајковски кој ја погоди стативата.

Натпреварот беше решен во вториот дел кога Вајналдум прво во 51. минута, па во 58. ги постави конечните 0:3. Холанѓаните погодија и една пречка. Tреба да се истакне и настапот на Столе Димитриевски, иако прими три гола сепак одбрани неколку навистина тешки удари.

Посебен момент на натпреварот беше замената на Горан Пандев кога целата Арена го скандираше неговото име, покажувајќи голема почит за се што направи во дресот на Македонија. Тој момент можете да го видите – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Гвардиола: И да испаднеме во петта лига, останувам во Сити

Шпанскиот селектор Пеп Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити каде ја …