Утрово италијанските медиуми пренесоа дека Интер и Чалханоглу се блиску до договор, а сега стигна и потврда.
Договорот на Чалханоглу со Милан истекува овој месец, а двете страни после долги преговори не успеаа да најдат заеднички јазик.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интер ја искористи ситуацијата и испрати подобра понуда до Турчинот, кој ќе пристигне на „Џузепе Меаца“ како слободен агент.
„Постигнав договор со Интер. Утре одам да го потпишам договорот“, потврди Чалханоглу.
„Скај Италија“ пренесува дека Интер му понудил тригодишен договор тежок 5 милиони евра плус 1 милион бонус по сезона.