Работнички доведе уште едно ново име во летниот преоден рок. Договор со нашиот клуб потпиша 19 – годишниот Сухељ Мухарем, кој во наредните две сезони ќе настапува во дресот на Работнички. Тој доаѓа од тимот на Ренова и настапува на крилната позиција.
„Доведовме млад и квалитетен фудбалер кој ги мина сите репрезентатовни селекции на Македонија и очекуваме Работнички за него да биде идеална средина за напредок во кариерата. Раководството на Работнички продолжува со активен пристап во преодниот рок и ќе бидат доведени уште неколку квалитетни фудбалери до заокружување на ростерот за следната сезона“, изјави спортскиот директор, Горан Станковски.