Чилеанската фудбалска репрезентација се соочува со можно исклучување од Копа Америка, откако јавно беше обелоденето дека играчите ги прекршиле Ковид-19 протоколите.
Имено, Видал и Медел во во своите соби повикале „девојки за забава“, а во скандалозна забава учевствувале уште четворица играчи.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Од чилеанската репрезентација признаваат дека се прекршени протоколите, но негираат дека имало проститутки, според нив во хотелот влегов бербер. Сепак, сите шестмина ќе добијат парична казна од по 30.000 долари, а можно е да бидат и исфрлени од тимот.
Копа Америка се игра во Бразил каде има строги ковид-протоколи кои фудбалерите мора да ги почитуваат.