Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Спектакл во Минхен: Германија го прегази европскиот шампион🎥

Спектакл во Минхен: Германија го прегази европскиот шампион🎥

Германија и Португалија одиграа фантастичен натпревар во Минхен, со шест гола на кој „панцирите“ запишаа голема победа (4:2).

После стартниот пораз од Франција, Германија тргна офанзивно и создаде неколку добри шанси, но Португалците први дојдоа до предност. После еден контранапад  Жота го проигра Роналдо кој погоди за 1:0.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


До крајот на полувремето Германија направо комплетен пресврт и тоа со два автоголови, Рубен Дијаш и Рафаел Гереро го совладаа сопствениот голман.

Каи Хаверц во 51-та минута донесе сигурно водство од 3:1, додека Госенс во 60-та минута погоди за 4:1. Конечните 4:2 беа дело на Диого Жота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Реал го победи Билбао, но збеснаа поради – судењето!

Реал Мадрид го совлада Атлетик Билбао со 1:0 буквално во последната секунда, со фантастичн…