Дома Фудбал Репрезентации Данските репрезентативци пресреќни што се сретнаа со Ериксен

Данските репрезентативци пресреќни што се сретнаа со Ериксен

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен ги посети своите фудбалери откако беше отпуштен од болницата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ериксен во петокот ја напушти болницата во Копенхаген, а набрзо потоа го посетил тренинг кампот.

„Не знаевме дека ќе дојде, кога го видовме го прекинавме тренингот. Неговата посета донесе добра енергија на тимот. Можевме да го прегрнеме, беше убаво да се види како се шета со синот“, изјави играчот за врска на Данска Кристијан Нергорд.

Својата среќа што повторно го гледа ја искажа и Јоаким Мел.

„Беше емотивно затоа што последниот пат го видовме како лежи на тревата. Знаевме дека е во ред, но поинакво е чувството кога тој ќе дојде до вас“, изјави Мел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Селекторот на Португалија збесна на прашање од новинарите пред натпреварот со Хрватска

Подготвување за Хрватска: Тренерот на Португалија ја загуби трпеливоста на прашањето од но…