Македонските навивачи извршија инвазија на Букурешт каде Македонија ги играше првите два натпревари од Европското првество.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За околу четири дена колку што македонските навивачи престојуваа во романската престолнина, успеале да испијат меѓу 70 и 75 000 литри пиво, велат официјалните информации на Управата за јавни приходи на Романија, согласно пресметките од локалите, клубовите и рестораните.
Македонија на овие натпревари имаше поддршка од околу 4.000 навивачи. Романските медиуми, пишуваат дека од нивната посета на метрополата, кафеаните, кафулињата и баровите заработиле околу 450.000 евра.