Дома Топ вести Интер во Манчестер ја најде замената за Ериксен

Интер во Манчестер ја најде замената за Ериксен

Италијанскиот гигант Интер е силно заинтересиран за играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Дони Ван де Бек.

Во Манчестер Јунајтед Ван Де Бек пристигна минатата година од Ајакс и се очекуваше да биде големо засилување за тимот на Солскјер. Сепак, Холанѓанецот не успеа да се наметне кај Норвежанецот и не добиваше голема минутажа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поради ваквата ситуација Ван Де Бек има намера да ја промени средината ова лето, а таквата ситуација сака да ја искористи Интер.

„Нероаѕурите“ќе побараат од Манчестер Јунајтед да им го позајмат Ван де Бек, доколку Кристијан Ериксен не е во можност да ја продолжи кариерата.

Се очекува наскоро да почнат преговорите и Интер да понуди едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…