Дома Фудбал Репрезентации Убави вести: Ериксен пуштен од болница

Убави вести: Ериксен пуштен од болница

После успешната операција Кристијан Ериксен е пуштен од болницата каде што на срцето му беше вграден дефибрилатор кој ќе го мери и контролира.

Од репрезентацијата на Данска потврдија дека Ериксен ја напуштил болницата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Операцијата на Ериксен беше успешна и тој е пуштен од болница. Веднаш ја посети репрезентацијата, а потоа замина дома каде што ќе помине време со своето семејство“, стои во соопштението.

Се оглас и самиот Ериксен.

„Благодарен сум ви за пораките кои ги добив, операцијата помина во најдобар ред и се чувствувам добро. Не е потребно да се каже дека ќе навивам за нив со целото срце во недела против Русија“, порача Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Португалска радио станица со “You’ll Never Walk Alone” се збогуваше од Жота

Диого Жота (28), крилен напаѓач на Ливерпул и член на репрезентацијата на Португалија, тра…